Денес затоплување и сончево време


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото студено, а преку денот потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Крива Паланка 17, Берово 14, Маврово 10, Охрид 15, Битола 17, Кавадарци 20, Дојран 22 степени.

И за утре прогнозата е сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 16 до 23 степени.

Попладне е можен слаб локален дожд.