ДиКаприо, Пит и Роби Марго: Прв официјален „тизер-трејлер“ за новиот филм на Тарантино


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Once Upon A Time In Hollywood“ е деветти по ред филм на славниот режисер Квентин Тарантино кој одамна негува статус на легендарно режисерско име во филмскиот свет.

На сценариото за овој филм Тарантино работеше цели 5 години, за на крајот самиот тој да го спореди со култниот „Pulp Fiction“, што сосема доволно зборува за нивото на очекувања.

Во своето најново филмско остварување, Тарантино на едно место ги собра Леонардо ДиКаприо, Бред Пит и Марго Роби. Покрај нив, остатокот од актерската екипа го чинат еднакво култни и славни имиња како Ал Пачино, Брус Дерн, Тим Рот, Тимоти Олифант, Курт Расел, Дакота Фенинг, Демијан Луис, Лук Пери, Емили Хирш, Џејмс Марсден, Мајкл Медсен и други. Оваа е воедно и последната филмска улога на неодамна починатиот Лук Пери.

Продукцијата на филмот ја потпишуваат Дејвид Хејман, Шенон МекИнтош и Квентин Тарантино, а извршен продуцент е Џорџ Какандес.

„Once Upon A Time In Hollywood“ е холивудска приказна за еден актер и неговиот двојник кои тргнуваат на пат за да го најдат своето место под сонцето во филмската индустрија. Нивното патување се одвива во времето на зенитот од хипи движењето во Холивуд, во далечната 1969 година, во Лос Анџелес.

Главните ликови во филмот, Рик Далтон (Леонардо ДиКаприо), бивша ѕвезда на една вестерн ТВ серија, и неговиот долгогодишен двојник Клиф Бут (Бред Пит), во времето на последниот бран од златниот Холивуд се борат за својот успех во светската престолнина на филмската индустрија која повеќе не можат да ја препознаат. Но, Рик има позната сосетка – Шерон Тејт (Марго Роби).