Европската унија прифати одложување на Брегзит – Британија доби еден услов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По неколкучасовни разговори, лидерите на 27-те земји членки на ЕУ, донесоа одлука да го прифатат барањето од Велика Британија за одложување на нејзиното излегување од унијата.

Договорот е постигнат нешто пред полноќ, а Велика Британија мора да исполни еден важен услов.

Имено, Брегзитот на Велика Британија е одложен до 22 мај, но под услов британскиот парламент идната недела да ја прифати спогодбата за излез од ЕУ. Тој договор веќе повеќе пати е отфрлан во британскиот парламент, а без него се заканува Брегзит без договор.

Ако британските претставници уште еднаш го отфрлат договорот, времето за излез од Европската унија се скратува и Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 12 април.

Велика Британија требаше да ја напушти Европската унија кон крајот на овој месец. Но, никој не знае како ќе изгледа излезот, договор сè уште не е постигнат, а тоа е опција која најмалку ѝ одговара на Велика Британија. Поради тоа, Тереза Меј од Европската унија побара одложување на излезот.

Сега Британија нема да може да го одложи излегувањето по 22 мај. По овој датум се одржуваат изборите за Европскиот парламент. Доколку Британија остане во ЕУ, би требало да се одржат избори и на островот што на никому не му одговара.

Доналд Туск преку Твитер вечерта објави дека ќе ја прими Тереза Меј.