Кејт Мари Барнс официјално нов амбасадор на САД во Скопје


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот конгрес официјално го потврди именувањето на Кејт Мари Барнс за нов амбасадор во американската амбасада на скопското кале.

Барнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена. Досегашниот американски амбасадор Џес Бејли од функцијата си замина во февруари годинава.

Барнс претходно пред Комитетот за надворешна политика на Конгресот порача дека преку Преспанскиот договор, политичките лидери на Северна Македонија и Грција ги надминале тешките историски прашања, фокусирајќи се на иднината и напредокот, а земјата е на својот пат кон ЕУ и НАТО.