Advertisements
Славни

Лук Пери „се разлета“ низ неговата фарма во Тенеси

Телото на прерано починатиот актер Лук Пери, кој стекна светска слава со улогата на Дилан во тинејџерската серија „Беверли Хилс“, но имаше и други познати ТВ и играни улоги, беше кремирано, а пепелта била расфрлана по неговата фарма во Тенеси. На оваа фарма Пери често го поминувал времето последните 20 години.

Според американските медиуми , последното испраќање на актерот ќе биде организирано за две недели и на него ќе присуствуваат најблиските роднини и пријатели. Лук Пери почина на 4 март , откако претрпе мозочен удар.

Неговите фанови од целиот свет, семејството и пријателите се надеваа дека ќе го преживее ударот, но само по два дена актерот беше исклучен од апаратите. Неговата ненадејна смрт на 52 години ги шокира сите.

Advertisements

Најпопуларно

To Top