Релативно облачно време со кратки локални врнежи на дожд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денес ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во западните делови, каде повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 22 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 17, Битола 20, Кавадарци 22, Крива Паланка 19, Берово 17, Дојран 24 степени.

Прогнозата за утре е сончево со умерена облачност и потопло со слаб до умерен југозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 степени во Маврово, 25 во Скопје до 26 степени во Дојран.