Трамп, САД и сагата со Хуавеи: Нов момент во политичко-економската тензија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на Соединетите Американски Држави, претседателот Доналд Трамп, откако ја прогласи за „многу опасна“ кинеската телекомуникациска компанија Хуавеи, сега изјави дека Хуавеи би можел да биде дел од трговскиот договор помеѓу САД и Кина.

Трговската војна помеѓу САД и Кина последниве неколку недели ескалираше со зголемување на царинските давачки. Набргу потоа, Доналд Трамп потпиша одредба со која го стави Хуавеи на црната листа на американската влада, пренесува Мкд.мк.

„Хуавеи е нешто многу опасно“, рече Трамп на прес-конференцијата во четвртокот. „Гледате што прават од безбедносна гледна точка, воена гледна точка. Многу опасно“.

Но американскиот претседател исто така рече дека е можно Хуавеи да биде дел од трговскиот договор со Пекинг.

„Ако постигнеме договор, можам да замислам дека Хуавеи ќе биде дел од тој договор“, рече тој.

Американскиот претседател пред неколку дена потпиша одредба со која директно ја забранува продажбата на опремата на Хуавеи во Соединетите Американски Држави и уште поважно набавување на опрема од САД, без одобрување од американските власти.

Според изјавата на Белата куќа, одредбата на Трамп има за цел „да ја заштити Америка од странски компании кои активно ги создаваат и експлоатираат слабостите во инфраструктурата и услугите за информатичка и комуникациска технологија на САД”.

Одредбата му дава на министерот за трговија моќ да „забрани трансакции кои претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност”.